Фото: Фејсбук профил/Кристијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот, која се одржа во Меморијалниот центар во Скопје.

Во својот говор, Мицкоски изрази почит, тага и надеж, сеќавајќи се на страшните жртви од Втората светска војна и трагедијата која не ја одмина ни Македонија.

– Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата не е само спомен, таа е лекција – истакна премиерот, додавајќи дека нашата обврска е да ја зачуваме вистината и да се спротивставиме на заборавот.

– Нашата цел е да изградиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување – додаде тој.

Мицкоски истакна дека фразата „Никогаш повеќе“ не е само симбол, туку и залог за иднината, за да се осигура дека трагедијата на Холокаустот никогаш нема да се повтори.

– Нека споменот на жртвите биде вечен – порача премиерот, обраќајќи се до присутните во Меморијалниот центар.