Илустрација/Фото: Пиксабеј

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3.526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5.398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1.872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 1.846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со  истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува  намалување од  22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.