Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли.
– Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам – рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“.
Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија би требало да се најде во Парламентот многу скоро.
– Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине и ќе го испратиме во Собранието – рече Мицкоски.

































