Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во рамки на „Преспа форумот“ што е одржува во Струга.
Столтенберг потсети на договорот од Преспа, што овозможи пристапувањето на Македонија во НАТО, но, како што рече, придонесе и кон добрососедски односи и ја отворила идината на земјата.
Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, нагласувајќи дека таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.
– Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист – рече генералниот секретар на НАТО.
Зборувајќи за процесот на зајакнување на руско-кинеските осноси, Столтенберг рече дека тие се „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“.
– Како што авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, дотолку поважно е оние што веруваат во слободата и демократијата да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот, да ја штитат споделената безбедност и да ги бранат глобалните правила. Тоа го покажуваме јасно преку институциите како ЕУ и НАТО – рече првиот човек на Алијансата.
За Македонија генералниот секретар на НАТО рече дека е валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.
– Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата – рече Столтенберг.
Што се иднесува на прашањето за проширување на европското семејство до 2030 година, тој рече дека тоа не само што е возможно, туку и се случува во моментов.
– Следејќи ги стапките на Македонија, Финска како одговор на руската инвазија се придружи на Алијансата. Сакам да ве уверам дека и шведското присоединување кон НАТО ќе биде комплетрирано што е мошно побрзо. Тоа важи и за Украина, сите наши сојузници се согласија земјата да стане дел од НАТО, а во Алијансата Русија нема право на вето – рече Јенс Столтенберг во видео обраќањето на „Преспа форум“ што се одржува во Струга.
На оваа сесија обраќање имаа и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на на Албанија, Бајрам Бегај.