Фото: Пиксабеј

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08.30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.

Како што информира УХМР, изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 26 во Пожаране, 25 Охрид, 24 во Крушево, 17 во Тетово, 16 во Претор, 14 во Попова Шапка, 8 во Битола, 7 во Крива Паланка и Прилеп, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Виница, Куманово и Ѓуриште, 4 во Берово, 3 во Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија и Тополчани, како и 2 литра на метар квадратен во Радовиш, Пожар, Велес и Штип.

Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид и Ѓуриште е 5, во Тетово и Берово два, а во Прилеп еден сантиметар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во текот на ноќта и претпладне, а попладне се очекува врнежите да престанат.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од минус пет до два, а максималната од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне три степени.

Според прогнозата, локални врнежи од снег ќе има и утре претпладне, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок, се очекува период на стабилно и суво време, при што наместа утринската температура ќе се спушти и под минус десет степени.