Фото: ДПМ

На традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“, отворена денеска напладне во Друштвото на писателите на Македонија, беа врачени наградите „Книжевен жезол“ на Славе Ѓорѓо Димоски и на Радмила Лазиќ.
По повод доделувањето на наградата, пригодна беседа за поезијата на Димоски одржа поетот Зоран Јакимоски, додека за поезијата на Радмила Лазиќ беседеше академик Катица Ќулавкова. Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски, му ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетот Славе Ѓорѓо Димоски. На поетесата Радмила Лазиќ наградата ѝ беше врачена од страна на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ревносен поддржувач на културните настани, која исто така беше дел од свеченоста.
Настанот беше отворен и затворен со настап на Елена Христова (вокал) и на Тимчо Чичаковски (канон) од едно-групата „Баклава“, која оваа година одбележува две децении постоење на македонската музичка сцена.

Фото: ДПМ
Фото: ДПМ
Фото: ДПМ
Фото: ДПМ
Фото: ДПМ

Наградата „Книжевен жезол“ е основана во 1996 година од поетесата Светлана Христова-Јоциќ, тогашна претседателка на Друштвото на писателите на Македонија.