Граѓаните тонат во сиромаштија, речиси половина милион од населението едвај го преживува месецот.
Според последната статистика за 2020 година, 21,8 проценти од населението или 451.900 граѓани живеат сиромашно.
Од нив најизразена е стапката на сиромаштија во семејствата со три и повеќе деца (45,6%), кај самохраните родители со деца стапката изнесува 41,6%, потоа се домаќинствата со двајца вработени, најмал е процентот кај пензионерите односно лицата над 65г. возраст (7%).
Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97.000 лица, сега бројката е порасната на 110.000.
Со оглед на тоа што податоците се за 2020 година, јасно е дека дали процентот на сиромашни од 21 отсто е изведен од 2,08 милиони население, пребројани во 2002 година, а не од 1,8 милиони колку што се пребројани сега.
Тоа значи дека процентот на сиромашани според и онака нискиот праг на ДЗС изнеусва околу 25 отсто.