Фото: З.А.

На првороденото бебе во годината градоначалникот на општина Пласница ќе му додели 30.000 денар,и а на секое наредно бебе по 20000 денари.
Инаку првото бебе во општината се роди вчера, 1 јануари во 17.30 часот во Општата болница во Кичево.
Женското бебе, четврто дете на мајката Мерита од село Преглово, се роди тешко 2.800 грама долго 47 сантиметри. Породувањето го изврши гинекологот Маја Цветаноска- Трајкоска која на новороденчето му врачи и скромен подарок.
Градоначалникот Алија Јаоски ја потенцира новата стимулативна мерка за повеќе деца.
– За да се зголеми фертилитетот во општината, од годинава на мајката на првороденото бебе во општината и се доделуваат 30.000 денари, а за секое наредно новороденче општината намени по 20.000 денари, што сметаме дека е солидна парична помош. Инаку во нашата општина во текот на изминатата година имавме вкупно 21 новороденче и според првите сигнали од Новата година, очекуваме бројот на новороденчиња годинава да биде и поголем и покрај иселувањето на младите во странство – истакна Јаоски. З.А.