Најстудено утрово е на Попова Шапка -5 степени, во Крива Паланка се измерени -4, во Скопје-Петровец -3. Над нулата е само во Гевгелија со два степена, информира УХМР.
На Попова Шапка има и најмногу снег 34 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 18, а во Маврови Анови 11 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.



































