На последниот ден од оваа година и на новогодишната ноќ времето ќе биде студено со дневна температура која на повеќе места ќе остане под нула степени. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег, информира УХМР.
Во четврток и петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
































