Фото: Илустрација/Пиксабеј

Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа најмалку 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА.
– Во Универзитетскиот клинички центар Ниш, од Северна Македонија во доцните попладневни часови е донесена 45-годишна пациентка со изгореници што зафатиле приближно 25 проценти од нејзината телесна површина и знаци на изгореници на дишните патишта. По приемот во Универзитетскиот клинички центар Ниш, повредите се хируршки третирани и направен е алтернативен респираторен пристап. Пациентката е хоспитализирана на одделот за интензивна нега – соопшти УКЦ во Ниш, јави МИА.