На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани. Понатаму што прават, ниту ме интересира, ниту сум ги прашал, најверојатно си ја тераат процедурата – рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој повтори и дека зависно од потребите и барањата на пациентите, во Кочани ќе се испраќаат мултидисциплинарни екипи составени од пластични хирурзи, психолози и психијатри. Ако треба ќе бидат вклучени и физикални терапевти, како и токсиколози, интернисти, хирурзи,..
Како што информира Таравари, сите пациенти, генерално, се секој ден се подобри, некои се екстубираат, се враќаат на нормални оддели и се третираат со трансплантација на кожа за да се затвори раната и да нема појава на нови инфекции. Остануваат препораките дека пациентите се трауматизирани и дека е добро во однос на однесувањето со нив многу да се внимава.
-Од истражните органи се што беше побарано од нас како медицинска документација, се е предадено. Тоа што е побарано е дадено и повторно што ќе биде побарано ќе биде дадено. Истражните органи си ги знаат процедурите и не би сакал да се мешам во таа работа – истакна Tаравари, одговорајќи на новинарски прашања по прес-коннеференцијата на која ја соопшти состојбата на хоспитализираните по трагедијата во Кичево.
Во однос на медицинските тимови, дециден е дека што ќе побараат колегите од Кочани, тоа и ќе биде испратено.
-Одредени тимови од пластична хиругија веќе беа и ќе продолжат да одат, комуницираме со сите пациенти и тие што се испишани и тие што се на билничлко лекување, во тек сме и какви ќе бидат барањата, така ќе постапуваме – подвлече министерот.
Директорката на Клиниката за пластична хиругија Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на пластична хирургија, се нуди и на нашата Клиника. Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата.
-Од првиот ден се трудиме лузните на пациентите да ги превенираме и да ги сведеме на минимум. Ги советуваме пациентите како треба да се однесуваат со нивната веќе изгорена кожа која иако е заздравена, е многу нежна. Им препорачуваме хидратантни креми од медицинска козметика, без парфеми и бои, со заштитен фактор 50. Најдобро е воопшто да не излегуваат на сонце за лузните да не пигментираат. На сите пациенти им се дадени пакетчиња со креми за соодветен третман. Се имаме и ние што се нуди надвор. Имаме и хирурушки зафати за ставање експандери за експандирање на нормалната кожа за да се покрија лузните на лицето, рацете,… Го работиме тоа со години наназад – рече Ѓоргиевска Павловска.
Министерот Таравари претходно соопшти дека пет пациенти од хоспитализираните во Скопје се пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, а четворица од оние кои се лекуваат во странство се во критична состојба.