Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед.
– На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, граѓаните може да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилата доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР – информира МВР.
Според најавите, системот „Бебзеден град“ официјално треба да биде ставен во функција в недела (1 февруари).

































