Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во кој беше потврдена блиската и конструктивна соработка меѓу двете земји.
Од Министерството информираат дека Муцунски и Ландау ја истакнале стратешката природа на партнерството меѓу Македонија и САД, особено во контекст на заедничките напори за регионална стабилност, економска соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.
Во разговорот биле разменети мислења за можностите за унапредување на економските односи, со акцент на зголемување на трговската размена и поттикнување нови американски инвестиции во земјата.
Министерот Муцунски ја реафирмирал посветеноста на Македонија кон натамошно зајакнување на билатералните односи со САД и кон продолжување на заедничките напори насочени кон безбедност, стабилност и просперитет во регионот.


































