Министерството за одбрана на Србија итно испратија 14 лекари и медицински персонал и пет возила на брза помош за да им укажат помош на повредените во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград.
Дел од повредените граѓани на Македонија ќе бидат згрижени во Воената болница во Ниш, а оние чија состојба бара посериозно лекување ќе бидат пренесени во Воената медицинска академија во Белград.
Од Србија е понудена и дополнителна медицинска и логистичка помош.
– Најмалку што можеме да направиме во оваа ситуација е да му пружиме помош на братскиот македонски народ и да се грижиме за младите кои се нашле во тој ужас. Нашите воени лекари ќе направат апсолутно се за да им го зачуваат здравјето и што поскоро да ги вратат кај семејствата, закрепнати – рече министерот Братислав Гашиќ.