Фото: „Нова Македонија“

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Македонија.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, момчето во бессознание било извлечено од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, по што веднаш било пренесено во болница каде што била констатирана смрт.

Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на момчето, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.