Работата на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
-По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата преставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година-посочуваат оттаму.
Од МНР велат дека соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамките на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, ја поздравуваат одлуката на двата Копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.
-Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните Копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади. Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги тука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции на Северна Македонија-се вели во соопштението на МНР.