Фото:ЕПА

Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран – Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа.

Информацијата за МИА ја потврдија и од македонската Влада.

– Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. изразуваме длабоко жалење и сочувство – велат од Владата.

Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во дискотеката во Кран Монтана, а неговото семејство преку социјалните мрежи бараше помош за негово пронаоѓање.

Во пожарот, според швајцарските медиуми, загинаа 40 луѓе, а над 100 се повредени.

И Македонија понуди помош за лекување на повредените во пожарот.