Фото: Литургија.мк

Митрополитот Европски г. Пимен како претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија присуствувал на интронизацијата на Римскиот Папа Лав XIV, на 18 мај во Ватикан, објави Литургија.мк.

Фото: Литургија.мк

Утредента по интронизацијата, митрополитот Пимен присуствувал на официјален прием во Апостолската палата, којшто папата го организирал за членовите на делегациите на сите Православни помесни цркви и на Ориенталните цркви.