Под мотото „Два града – иста болка, се одржа мирен собир во Кочани во знак на сочувство за жртвите во трагедијата во Кран Монтана.
На собирот присуствуваа и родители на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија, истакнувајќи дека тишината понекогаш зборува погласно од зборовите. Во нивниот повик, тие ги повикаа граѓаните на солидарност и сочувство со жртвите и семејствата погодени од трагедијата во Швајцарија.
Во знак на почит кон загубените животи, присутните испуштија 40 бели балони кон небото – симбол на младоста која прерано згасна.

































