Фото: Министерство за дигитална трансформација

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил.

– Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами! – порача на ФБ министерот Андоновски.

Како што за МИА појаснија од Министерството, станува збор за нов налог што е добиен од страна на Државната лотарија со нелегални приредувачи на Онлајн игри на среќа и истиот е проследен до АЕК за понатамошно постапување преку телеком операторите.

Ова е втор ваков налог кој се состои од 173 веб страници кои приредуваат нелеаглни онлајн игри на среќа, додека првиот ваков налог, информираа од Министерството, беше веднаш по донесувањето на законските измени и во тој случај беа забранети 53 нелегални Онлајн приредувачи на игри на среќа.

– Ние како Министерство постојано апелираме до граѓаните кои што имаат финансиски средства на овие страници, навремено да ги повлечат од истите и да не се подведуваат на ваквите лажни и манипулативни провајдери, бидејќи истите важат и за небезбедни, а безбедноста на интернет зависи и од самите корисници – изјавија за МИА од Министерството за дигитална трансформација.

Како институција, потенцираат, и во иднина ќе продолжиме да постапуваме на ист начин при ваквите случаеви, со цел спречување на нелгални активности во интернет просторот како и заштита на граѓаните од злоупотреба на нивните лични податоци.