Фото:Принтскрин/Влада

Приоритетните мерки што државата треба да ги спроведе за исполнување на Копенхашките критериуми и подобрување на животниот стандард на граѓаните беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда за придвижување на европските интеграции на која учествуваше министерот за јавна администрација, Горан Минчев, заедно со останатите членови на Владата.

Како што соопштуваат од Министерството за јавна администрација, министерот активно учествувал во разговорите за приоритетните реформи, нагласувајќи ја централната улога на јавната администрација во процесот на европска трансформација.

– Модерна, транспарентна и ефикасна администрација е темел за успешно исполнување на европските стандарди и за подобрување на услугите за граѓаните – изјави Минчев.