ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата.
Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие градоначалник во Струмица.
Тој рече дека за Град Скопје очекувањата се дека нивниот кандидат Орце Ѓеорѓиевски ќе има убедлива предност и дека можеби неколку илјади гласови ќе одлучуваат дали тој ќе победи во првиот круг од изборите.