Фото: Твитер-профил на грчкиот премиер

Грчкиот премиер Кирјаков Мицотакис денеска изјави дека очекува идниот мандатар Христијан Мицкоски да го користи уставното име ерга омнес и во внатрешната и во надворешната употреба и дека тос прашање ќе го покрене на Самитот на НАТО.

– Очекувам од мандатарот за премиер на Северна Македонија јавно, на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и во внатрешната и во надворешната употреба – рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференција на осторвот Крит во пресрет на европските избори на 9 јуни, и додаде дека се надева оти во Скопје, сепак, ќе преовладала логиката, јави МИА од Атина.

Грчкиот премиер рече дека во моментов констатираат дека, како што рече, намерата на ВМРО-ДПМНЕ е во пракса да го оспори едното и единствено име за сите и нагласи дека Грција нема да го прифати тоа.

На новинарско прешање дали оваа тема ќе ја покрене на НАТО Самитот во Вашингтон во првата половина на јули, Мицотакис одговори позитивно.

– Секако дека ќе го покренам прашањето на Самитот на НАТО за 75-годишнината од формирањето на Алијансата. И навистина би го охрабрил раководството на Скопје да не го стави во опасност европскиот тек, кој нашата земја го има поддржано, кој мислам дека и самите граѓани го посакуваат. Да сфатат дека изборите поминаа, дека популизмот во надворешната политика можеби е привлечен за привлекување гласови, но не го издржува водењето на сериозна надворешна политика кога некој официјално ги презема должностите. Верувам дека на крајот ќе преовладее логиката и ќе постои препознавање на она што се подразбира во Договорот, кој за нас има негативни работи, но една од важните димензии е токму едното и единствено сложено име за сите и ова не може во пракса да се оспори од никој – истакна Мицотакис, пренесе МИА.

Мицотакис нагласи дека, како што рече, Грција не е сама во ова, туку дека се на иста линија со ЕУ и САД.