Фото: Принтскрин

Упатувам искрени честитки по повод 8 Март – денот кога им оддаваме признание на сите жени за нивната сила, посветеност и незаменлив придонес во секој сегмент од општеството, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

– Жените се столбот на семејството, двигатели на успехот, инспирација во секојдневието и важен фактор во напредокот на нашата држава. Нивната одлучност, знаење и труд се темелот на едно праведно, хумано и подобро општество.
Овој ден не е само потсетник на досегашните успеси, туку и обврска за сите нас да продолжиме да работиме за општество во кое секоја жена ќе има еднакви можности, почит и сигурност. На сите жени им посакувам добро здравје, среќа и успех во секој аспект од животот! Вашата енергија и упорност се силата што нѐ води напред! – објави Мицкоски.