Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање за повикот на САД земјите од Европа да стават стопроценти царина на руските производи, рече дека ние како држава со усогласена политика со ЕУ ќе го следиме тој процес.
-Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така што ќе го следиме тој процес и доколку се донесе таква одлука, ние како држава тоа ќе го примениме – изјави Мицкоски.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе ѝ воведе царини од 100 проценти на Русија доколку до почетокот на септември не склучи мировен договор со Украина.