Фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари.

-Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата – рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата.