Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за најавената реконструкција, посочувајќи дека разговорите се тековни.
– Не би можел ништо да споделам додека не биде. Ништо не е готово додека не е готово – рече Мискоцки.
Премиерот, кој одговараше на новинарски прашања по одбележувањето на 25-години од основањето на Фондот за здравствено осигурување, рече дека 11 јануари е датумот кој најмногу одговара за одржување на повторените локални избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше.
































