Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

Како што објави Мицкоски на својот фејсбук-профил, во разговорот изразил поддршка за Катар и разбирање за сложената безбедносна ситуација на Блискиот Исток.

– Разменивме мислења за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката – наведе Мицкоски.

Тој додаде дека двајцата соговорници ја истакнале и заедничката заложба за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка меѓу двете земји, во интерес на граѓаните и економскиот развој.