Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr.
Мицкоски на Фејсбук објави дека разговорот бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.
– Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер. Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика – наведува во објавата претседателот на македонската Влада.