По инвестицијата од 500 милиони долари на „Алказар Енерџи“ во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија „Епсотех Аим“ во Петровец од 20 милиони евра, Американски „Вабтек“ е третата компанија која што ќе инвестира во Македонија.
Компанијата „Вабтек“ е дел од петстоте најголеми компании во САД, напиша на фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
– Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања и инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина, стои во објавата на Мицкоски.