Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје го честиташе Христовото раѓање – „Божиќ“. Тој рече дека очекува година во која ќе има напредок и прогрес на секој план.
На граѓаните им посака пред сѐ здравје, затоа што, како што посочи, здравјето е најважно.
– Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес на секој план. Тоа го посакувам и за тоа како Влада во годината што следи, ќе работиме – потенцираше премиерот.