Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на следната седница на Регулаторна комисија за енергетика се очекува намалување на цените на горивата, пренесе МИА.

Според најавите, дизелот би поевтинил за 2,5 денари по литар, додека бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 би се намалиле за 1,5 денари.

Максималната цена на Еуросупер 95 се очекува да изнесува 82 денари за литар, на Еуросупер 98 – 84 денари, а на дизелот 95,5 денари за литар. Овие цени се без дополнителните попусти што ги нуди ОКТА, кои изнесуваат 2 денари за бензините и 3 денари за дизелот.

Како што појасни премиерот, ваквите очекувања се базираат на анализите на движењето на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период.

Тој додаде дека и во наредниот период ќе продолжат мерките за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, како и усогласувањето на акцизите, со што се овозможува дополнителна стабилизација на цените.

Мицкоски потенцираше дека државата останува сигурен снабдувач со нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи доволни количини за граѓаните и бизнисите.