Фото: Влада

Ќе се разгледат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и сѐ она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството. Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес – конференцијата во владата.

Тој искажа голема благодрност до докторите и целиот медицински персонал во земјава, кои несебично се вклучија во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање.

– Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочите кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно, нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка, закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе не биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување – нагласи премиерот.