Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон имал средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, со кого разговарале за предизвиците со кои се соочува нашата земја и поддршката што ни е потребна за остварување на стратешките интереси.
– Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните – напиша на фејсбук премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација која е во официјална посета на САД, а ќе учествува и на Самитот на НАТО.