Фото: ppj.mk

Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато. Македонија може напред. Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача вечерва македонскиот премиер Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Заедно, рече тој, ги градиме темелите, камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме и ќе ја сакаме, за Македонија каква што ја заслужуваме и со која ќе се гордееме.

-Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да се изневерат. Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до Македонија со која ќе се гордееме. Не ветувам совршенство и чуда, туку ветувам искреност и упорност во секој чекор и борба за тебе и иднината каква што ја заслужуваш, рече македонскиот премиер Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Ние, рече, не сме политичари што зборуваат од високо. Ние сме луѓе што живеат тука со вас, што чувствуваат ист страв и иста надеж. Затоа со труд и лојалност кон вас, нагласи, ги градиме темелите на промените – искрено, чекор по чекор, со срце.

-Македонија е повеќе од земја. Тоа е наш дом, нашите семејства и нашите соништа. Оваа година беше само почеток, почеток на стабилизација и консолидација после 7-те години на проблеми и уништувања, на разочарувања и изневерешни очекувања и изгубена надеж. Заедно, чекор по чекор, ги поставуваме темелите за Македонија да биде повторно твоја – земја што ќе не обедини и ќе ни даде сила. Времето на Македонија допрва доаѓа, и тоа не е само слоган – тоа е наша обврска кон сите вас. Ги градиме темелите со пот, со борба и со надеж. За секој што верува дека оваа земја заслужува подобро, за тебе и твоето семејство, за иднината која доаѓа, за македонија која повторно ќе биде твоја“ – рече премиерот додавајќи дека ова е една година од новиот почеток, една година градење темели на промените за времето на граѓаните кое доаѓа.


Фото: ppj.mk

Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури

Најголем предизвик во периодот кој следи за премиерот Христијан Мицкоски и за Владата ќе биде овозможување систем кој ќе може брзо да ја испорача правдата и во кој нема да може да функционира „бандитизмот“ создаден од политички и бизнис структури кои работат во широка коалиција, бидејќи, според него, од тоа ќе зависат многу следни политички случувања во државата.

-Во оваа една година отворивме силна борба против криминалот. Се започнаа акции против оние кои порано се сметаа за недопирливи. Денес тие неславни корифеи на неправдата се бегство од законот, а силно се удри и по нарко бандите особено во Скопје. Онаму каде сметам дека може подобро е борбата за независно судство и обвинителство кое сега го немаме. Не сум задоволен од динамиката на испорачување на правдата и постојат очигледни спреги меѓу тој свет и светот на политичката бизнис мафија која го конструирала тој систем против кој сакаме да се бориме и ако ме прашате мене јас очекувам одговорност и народот очекува одговорност и тоа мора да биде прва работа која ќе не води, да донесеме правда и да го урнеме тој систем на бандитизам создаден од политички и бизнис структури за кои нема ни етнички и политички разлики туку функционираат во широки коалиции. Тоа ќе биде мој најголем предизвик во периодот кој следи и од таа динамика ќе зависат многу следни политички случувања во државата – рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Притоа тој се осврна и на како што рече, најтешкиот ден како премер, несреќата во Кочани.

-Таа несреќа, колку и да се трудат политички да ја злоупотребат е последица на со години руинираниот систем кој беше уништуван и дезавуиран. Јас не можев тоа да го спречам, но ќе направам се тоа да не се повтори. И како политички фаактор од првиот ден испратив реална порака дека правда мора да има и без оглед за кого се рботи мора да биде одговорност. Јас и денес стојам на истиот став а обвинителството е на тест да докаже вистина и судот да спроведе правда. Но исто така сакам да соопштам дека како Влада сме во преговори за обезбедување на историски највисокиот инвестициски пакет за обнова и подддршка на Кочани. Работиме на тоа да покажеме дека за нас е важно и дека граѓаните не се сами – рече премиерот.

Македонија, додаде мора да оди напред и притоа нагласи дека тој никогаш нема да дозволи земјата да биде понижена.

-Сакам да се осврнам и на оние кои велат дека Македонија била понижена. Тоа се истите оние кои сменија име, направија договор со Бугарија, кои ја плјачкаа Македонија и се потпишуваа. Македонија никогаш повеќе немаа да дозволам да биде понижена, зошто тоа време заврши – рече македонскиот премиер.

Се заблагодари „искрено и со цело срце до народот кој дошол да проследи што имаат да кажат како Влада, до секој еден човек кој има очекувања и има надеж за нашата држава.

-Сето ова има смисла само за вас. Благодарност до мојот тим и тимот министри од Владата. Секогаш може подобро но ова беа најжестокото работно темпо за да Македонија ја извадиме на површина. Најдоброто допрва доаѓа, најдоброто за сиоте вас. Денеска ги сееме, а потоа ќе ги жнееме плодовите од нашата работа – нагласи премиерот.

Потсети дека воедно се започнати и реформи во Министерството за внатрешни работи. Целосно, нагласи тој, е решен хаосот со издавање на пасоши, набавена уште една машина за печатење лични документи и целосно решен процесот на издавање на лични документи.

-Целосно се реновирани управни служби во Скопје со кои граѓаните на Скопје ќе имаат пристап до брзи, модерни и навремени услуги. Во завршна фаза е системот „Безбеден град“, за автоматска евиденција на сообраќајни прекршоци за безбедност во сообраќајот. За 10% се зголеми платата за сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Вработени се 1000 полициски служебници. Обезбедени се 36 нови возила за полицијата за поголема ефикасност и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата – рече македонскиот премиер.

Додаде дека е зголемена целосната ефикасност на полицијата со севкупен криминалитет за 5.8%, оти се разбиени голем број криминални групи од областа на огранизираниот крминал, корупцијата, нелегална трговија со дрога и оружје.

Во делот на правдата, нагласи Мицкоски, поништена одлуката на минатата влада за десеткратно поскапување на нотарските тарифи.

-После 14 години овозможивме целосна имплементација на системот Фемида – аудио-визуелен систем за снимање на судските рочишта, за транспаретност и одговорност на судството пред граѓаните. Сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување – рече премиерот Мицкоски.

Тој во обраќањето се осврна на делот на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека се работи на нивно релаксирање.

-Усвоивме нова програма за унапредување и поддршка на етничките заедници со цел унапредување на меѓуетничките односи и јакнење на мултикултурната кохезија, како и промоција на мултикултурните вредности. За прв пат е изработен Стратешки план за гарантирање на правата на сите етнички заедници и унапредување на меѓуетничките односи – рече Мицкоски.

Тој додаде дека многу е напеавено и во сферата што ја опфаќа Министерството за одбрана и оти таму има поголеми достигнувања.

-Процесот на модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет и е поддржано од одбранбениот буџет. Оваа година одвојуваме 32 проценти од буџетот, односно 106 милиони евра што е 18 милиони евра повеќе од минатата 2024 година. Едноставно кажано, модернизацијата нема да запре, туку напротив – ќе се интензивира. Се обезбеди зајакнување на армиските капацитети со прием на нови 300 војници, 10 подофицери за потребите на Воздухопловниот ВИНГ и 60 офицери за доусовршување на подофицери. Се исплаќаат заостанатите обврски за процесите кои беа отпочнати од минатата власт. Воедно Македонија го презеде претседателство на ЕУСАИР во мај 2025 година до мај 2026 година – истакна македонскиот премиер.

Тој во обраќањето се истакна и дека Македонија е прва земја од регионот, потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, што еодраз на одличната и континуирана соработка со Унијата и претставува клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, рече македонскиот премиер.


Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека очекува максимална посветеност во исполнување на програмата и преку 400 проекти, мерки, чекори, реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата,….

По години на празни ветувања и пермaнетна политичка криза во државата, разочарувања и уништени ветувања, укажа премиерот, не започнавме од нула, почнавме од минус – од рушевини, кои ги оставија зад себе.

– Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верб, но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото. Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда. Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тие темели се почеток на нова ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее. Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е победа. Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро – рече премиерот.

Оваа година, рече Мицкоски, беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација.

– Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби – наведе Мицкоски.

Во оваа тешка година, дополни премиерот, имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти. И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од три пати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во 5-та па и 6-та брзина. И очекувам максимална посветеност во исполнување на програмата, очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во даночната политика и справување со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила… проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме, наведе Мицкоски.

Оваа година, оцени, беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст.

– Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби – рече Мицкоски, кој во обраќањето се осврнува одделно за постигнувањата и плановите во изминатата година.


Најглавен фокус економијата, има простор за поголем раст, автопатот од Врбјави до Охрид ќе се пушти на 12 јули, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање по повод една година од работата на Владата вечерва потенцираше дека економијата и борбата за подобар живот биле најглавен фокус и оти е задоволен од постигнатиот раст на БДП во првиот квартал, но оти има простор за уште поголем раст. Посочи дека е обезбеден највисок процент на изградба на патишта од осамостојувањето до денес и најави дека делницата Врбјани-Охрид во должина од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштена на 12 јули. Покрај инвестиците од изминатата година, на БМЗ, Костал, Авеста Батери и Енерџи Инжинеерин, Магна Мехатроникс, Шахтерм, наведе дека се работи на најмалку пет нови инвестиции.

– Обезбедивме 500 милиони евра за поддршка на компаниите и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. И тука не ги двоевме. Тоа се сите општини на територијата на државата, без разлика дали таму се градоначалници од редовите на владеачките партии, опзоицијата или некој независен. Во првиот квартал од годинава постигнавме раст на БДП од 3,2 проценти, некој ќе рече мал, некој ќе рече голем, јас би рекол – сум задоволен, но не конечно задоволен, сепак има простор за уште поголем раст, но тоа сепак не става на 4-то место во Европа веднаш зад Ирска, Данска и Полска – рече Мицкоски.

Постигнавме, посочи премиерот, рекордно историско најголемо ниво на странски инвестиции од милијарда и 255 милиони евра, што значи дека имаме најголем број на странски инвестиции по глава на жител во овој дел на Европа.

Мицкоски потенцираше дека првпат по седум години намален е јавниот долг и оти заклучно со март 2025 година има намалување од 4,7 процентни поени во однос на БДП.

– Платите растат и обезбедивме повисоки плати во администрација, здравство, образование, полиција. Буџетскиот дефицит го намаливме за 4 проценти од БДП. Целосно ја отплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра. Ја намаливме царината за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и обезбедивме целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер – рече Мицкоски.

Според него, актуелната Влада во инфраструрата обезбедила највисок процент на изградба на патишта од осамостојувањето до денес.

– Склучивме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство врз основа на кој подоцна се остварува и економска соработка под поволни услови за изградба на брза пруга на Коридор 10 и изградба на болници, аво скора иднина разговараме и за изгртадба на енергетски проекти кои се од капитално значење за иднинатата на државата. За само една година обезбедивме градба на 225 инфраструктурни проекти во прва фаза во висина од речиси 3 милијарди денари и 615 инфраструктурни проекти во втора фаза во висина од речиси 7 милијарди денари. Започнавме со изградба на автопатот Тетово -Гостивар во должина од 17,5 километри, со изградба на автопатот Гостивар – Кичево (Букојчани) во должина од 30,3 километри како и изградба на автопатска делница Прилеп-Битола во должина од 39,3 километри. Ја пуштивме во употреба делница Градско – Дреново од експресниот пат Градско-Прилеп во вредност од 37,4 милиони евра и должина 15,5 км. Го пуштивме во употреба експресниот пат (Страцин) Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,4 километри, во вредност од околу 98 милиони евра. Целосно го реконструиравме регионалниот пат Охрид (Коњско) – Свети Наум во должина од 24,5 километри и вредност 11.6 милиони евра. Ја пуштивме во употреба пругата на Коридор 8, Куманово-Бељаковце во вредност од 43 милиони евра и во должина од 31 километар. Од нула функционални локомотиви за само три месеци од мандатот 11 ставивме во употреба и обезбедивме нормализација на железничкиот сообраќај – рече премиерот.

Дополни дека се воведени 11 нови авиолинии од двата аеродрома и се обезбедени 360 милиони денари финансиска поддршка, дека се доделени над 100 социјални станови во Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија.

Како што наведе, интензивно се гради и во завршна фаза е автопатот Кичево Охрид (делница Врбјани Охрид) во должина од 40 километри и веќе пуштањето е закажано на 12 јули.

– Започнавме постапка за избор на трет мобилен оператор со што ќе се отворат нови работни места и ќе донесе конкуренција на пазарот за пониски услуги за граѓаните. Во тек е набавка на 120 нови и модерни автобуси. Притоа се бориме за секое ново отворено работно место. Донесовме Оперативен план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, со рекордна вредност од 2,5 милијарди денари или 40 милиони евра. Оперативниот план опфаќа над 16.000 граѓани и фокус на истиот се младите и невработените. Направивме скалесто ограничување на маржи за 102 групи производи. Спроведовме акции против инфлацијата како Помалку трошоци, повеќе за тебе и Есенска потрошувачка кошничка“ каде за 10 проценти ограничувме маржи за 73 производи – рече премиерот Мицкоски.

Ги наброја инвестиците од изминатата година, на БМЗ, Костал, Авеста Батери и Енерџи Инжинеерин, Магна Мехатроникс, Шахтерм, и рече дека се работи на најмалку пет нови инвестиции.

– Инвестиција на БМЗ од Германија за производство на литиум јонски батериии во износ од 65 милиони евра и 700 вработувања. Проширување на инвестицијата на Костал од Германија за производство на автомобилска електроника во износ од 50 милиони евра и 250 нови вработувања. Ивестиција на Авеста Батери и Енерџи Инжинееринг од Белгија за производство на батерии во износ од 10 милиони евра и 200 вработувања. Инвестиција на Магна Мехатроникс од Канада за производство на компоненти за авто индустрија од 40 милиони евра и 600 вработувања. Инвестиција на Шахтерм од Турција за производство на делови за бела техника во износ од 25 милиони евра и 200 вработувања Воедно работиме и на најмалку пет нови инвестиции – рече Мицкоски.

Во резултатите на Владата наведе и дека се зголемени пензиите на над 300 илјади пенионери за шест илјади денари, а во делот на детската заштита- на над 15 градинки им се издадени решенија за дејност и почеток со работа, или им е обезбедена кадровска екипираност. – Проширен капацитет за околу 1500 деца. Во тек се изградби,доградби, опремувања на 11 градинки кои се очекува да се отворат во 2025. Со отворањето на овие објекти, капацитетот ќе се зголеми за над 1100 деца, најави премиерот.

Осврнувајќи се на енергетиката, посочи дека е донесен нов Закон за енергетика и оти во новиот Акциски план(2025) на Еусаир Стратегијата се вградени два гасни проекти со соседна Грција и Србија кои беа подржани од страна на Европската Комисија. – Гасен интерконектор со Грција и Проект за интерконекција со Србија. Пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2. Се работи на Втора фаза – ветерен парк Богданци. Вкупно, над 22.000 домаќинства ќе добијат посигурно и одржливо снабдување со електрична енергија. Вкупната финансиска рамка изнесува 37,6 милиони евра – наведе премиерот.

Во делот на земјоделието, како што рече, во период од 12 месеци исплатени се заостанати субвенции и редовни исплати на земјоделците во износ од над девет милијарди денари.

– Склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха. Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм. Прв пат постигнати се највисоки откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје Вранец и Смедеревка – рече Мицкоски, кој се осврна и на постигнувањата во сработеното во здравството, образованието, одбраната, културата…