Претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски денеска во врска со уставните измени изјави дека ставот на партијата е конзистентен веќе една година наназад и оти на лидерската средба понудиле две решенија. Додава дека е подготвен за разговор со Владата доколку прифати едно од тие две решенија – уставни измени со одложени дејство или избори на есен.
-Првиот предлог е многу јасен, а тоа е евентуални уставни измени да имаат одложено дејство, односно кога ќе заврши ратификацијата на пристапниот протокол во парламентите на земјите членки, односно кога Македонија ќе биде земја членка. Тогаш веќе може да разговараме за евентуална апликација на тие уставни измени, да бидат ефективни. И вториот предлог е избори наесен. Да избере три термина 24 септември, 1 или 8 октомври, бидејќи секако нас месеци не делат до редовните, а не гледаме ние како политичка партија причина оваа Влада да остане ден повеќе. Секој ден по некоја зграда, по некој дуќан ќе биде во имот, ќе влезат во семејното портфолио на неколку фамилии од власта. Како што е овој случајот со Деловниот центар Соравиа односно имот стекнат на сомнителен начин – рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата изјави и дека според нивни информации следната недела пратеничката група на ДУИ или на СДСМ ќе излегле во Парламент со идеја повеќе да нема техничка влада.
-Еве јавно им кажувам. Не мора да има техничка влада, ајде да одиме на избори. Не мора сто дена. Нека кажат Даштевски и ДИК колку дена им се потребни за да ги организираат тие избори, да одиме на тие избори – изјави Мицкоски.