Тетово
Министерот за здравство Азир Алиу пред неколку дена го означи почетокот на изградбата на Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство.
На настанот присуствуваше и вицепремиерот за политика и добро управување Арбен Фетаи, како и градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 година, при што загинаа 14 лица, а десетици беа повредени.
Од невладината организација „Нула“ реагираат на предизборниот тајминг и изразуваат загриженост во врска со прес-конференцијата што ја одржаа министерот за здравство Фатмир Алиу, вицепремиерот Арбен Фетаи и градоначалникот на Тетово, Билал Касами – одржана само два месеци пред локалните избори.
– Доколку оваа акција има цел да ја искористи трагедијата за предизборни придобивки, тогаш ова би претставувало неприфатлив и длабоко недостоен чин – се наведува во нивната реакција. К.М.