Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ – Скопје, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, оваа година, по 28. пат, организира дводневен Меѓународен научен собир на тема:„Македонскиот јазик во светлината на семантичките проучувања“.
Научниот собир, како што најавуваат организаторите, ќе се одржи денеска и утре во Делчево, а на собирот ќе настапат педесетина универзитетски професори и научници од земјата и од странство.
Поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик и проф. д-р Катица Топлиска-Евроска, претседателка на Организацискиот одбор.
Манифестацијата е поддржана од Општина Делчево.