Фото: Пекселс

На денот на здравјето, 7 април матичните лекари од земјава утре повторно ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство, од 12 до 12 часот и 30 часот. Ова е третпат како тие ќе го изразат своето незадоволство, бидејќи како што велат здравствените власти немаат слух за нивните барања.

-Итните пациенти ќе ги прима службата за Итна помош, каде што пријавивме за протестот, за да се подготвени. Има колеги кои ќе патуваат до Скопје и ќе се повеќе време отсутни, за да стасаат до главниот град и потоа да се вратат – вели претседателката на Здружение на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова-Дервишова.

Клучните барања на матичните лекари е да се направат законски измени со кои пациентите нема да се водат на име на лекар, туку на здравствената установа во која работат, за да не се случи тие да останат без лекар при негово пензионирање.

-На тој начин ќе се задржат младите лекари, бидејќи со секое заминување на лекар, амбулантата одново ги почнува административните постапки – вели Чолакова-Дервишова.
Тие бараат и измени на законот за здравствена заштита со кои ќе се предвиди полесен пристап до лекови на хронично болните пациенти, како покачување на капитацискиот бод од 63 на 90 денари по пациент, според кој Фондот за здравство им исплаќа плата на матичните општи лекари.

-Оваа влада во програмата вети капитацијата да биде 90 денари. Ако некој ветил да ги го реализира ветувањето, трпеливо чекаме 5 години на него. Можеа да покачуваа постепено. Се е поскапено за 160 проценти, а ние останавме на иста капитација. Понижувачки е колку се вреднува трудот на лекарот – вели д-р Чолакова-Дервишова.

Н.Б.З.