Фото: З.А

Традиционалниот Марш за Рацин на планината Лопушник, се реализира и годинава на релација од селото Извор кичевско, до планината Лопушник и месноста Јама, каде пред 82 години загина творецот на„ Бели Мугри“, Коста Солев Рацин. На овогодинешниот марш зедоа учество повеќе од 80 планинари и почитувачи на животот и делото на Рацин од повеќе градови на земјава а најголем број беа од родниот град на поетот Велес и градот Кичево каде се наоѓа планината Лопушник.

Фото: З.А

-Викендов се реализира традиционалниот Марш за Рацин на планината Лопушник, организиран во чест на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. На маршот зедоа учество планинарските друштва ПСД„ Бистра“ и ПЕД„ Ендорфини“ од Кичево, еколошката групација„ Грин Пауер“од Велес, и поголем број поединци почитувачи на делото на големиот поет. Маршот го започнавме од селото Извор во 7,15 часот а на врвот на Лопушник стигнавме околу 11,30 часот. При овој престој на планината Лопушник положивме букети свежо цвеќе пред споменикот на Рацин на врвот Стог, а свеќи запаливме и букети свежо цвеќе положивме на спомен обележјето каде на 13 јуни 1943 година загина Коста Рацин.За сите присутни на овој марш организаторот на истиот послужи гравче а околу 17 часот се вративме на појдовната точка село Извор , каде се разделивме со ветување и догодина да бидеме дел од овој марш-истакна Игор Смилев од еколошката групација„ Грин Пауер“ од Велес. З.А.

Фото: З.А