Фото: Нова Македонија

По повод 30 Мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска ќе организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза.

Како што информира Мобилност Македонија, целта на маршот е да се подигне свеста за специфичните потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија на овие луѓе. На настанот ќе се приклучат и лицата со параплегија, дистрофија и детска парализа.

Маршот ќе почне пред Порта Македонија во 10 часот и ќе продолжи по десната коловозна лента на улица „11 Октомври“ во правец на Собранието до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.