Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето како го коментира повикот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче да дојде европската обвинителка Лаура Ковеши, за да се истражат наводни малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европски пари, Валентин Манасиевски од ВМРО–ДПМНЕ одговори дека „убедливо најиронично е кога Венко Филипче зборува за борбата против криминалот“.

-Тоа е исто како човек со сомнителни морални навики да го поставите да биде наставник за етика. Смешно, но СДС тоа го претставува како некоја сериозна работа. Дополнително кога СДС зборува за „антикорупциски тим“, листата сама се пишува: Зоран Заев, самопрогласен академик за криминал, измачкани игри и непотизам. Вице Заев, специјалист за перење пари, текстилни шеми и царински погодности. Од тимот на енергетската катедра, професорот Васко Ковачевски, човек кој треба да се врати од „студиите во странство“ за да објасни со што точно тој тргувал. За културните шеми, Бисера Костадиновска-Стојчевска, експерт за злоупотреби со активна пријава. За надворешна соработка, партнерот во криминал Артан Груби. Ваков тим, вакво „реформирање“ денес нуди СДС. Кога Филипче зборува за чесност, а Заев е сè уште лидер во сенка на СДС, тоа е отворено потценување на граѓаните. СДС нема никаков кредибилитет да говори за борбата против корупција. Главниот извор на криминал во државата се токму тие, нивните кадри, нивните мрежи, и системот на злоупотреби и делови од обвинителството кои ги штитат. Овој настап на СДС односно на Филипче е уште едно политичко харакири. Обид да се испере нешто што не се пере, ниту во топла ниту во ладна вода. Колку и да се сликаат во бело, црните страници што ги оставија никогаш нема да бидат чисти. Затоа, граѓаните не треба да бидат доведени до забуна. Кога СДС дели лекции за корупција, тоа е најдобар доказ дека тие се последните кои имаат право да го зборуваат ова – рече Манасиевски.