Фото: МД Илинден, Тирана

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана најостро ја осудува најавата на бугарската држава дека во Извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент (ЕП) македонскиот јазик и идентитет ќе бидат целосно избришани.

– Вековните македонски јазик и македонски идентитет претходно се споменуваа на неколку места во Извештајот на Вајц, кој беше изгласан со мнозинство на гласови од претставниците на европските држави во Комитетот за надворешни прашања на ЕУ. По изгласувањето на експертскиот Извештај, започна бугарска офанзива сред претставниците на државите од ЕУ, се бара целосно да бидат избришани овие термини – стои во соопштението, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Македонците од Република Албанија најостро го осудуваат ставот на бугарската држава и нејзината провокација со која повторно се пласира теза дека не постојат македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

– Македонското друштво „Илинден“ – Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзиното членство во ЕУ кои со децении се пласирани за пласирање на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонско друштво „Илинден’ – Тирана ги потсетува бугарското раководство дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се исторски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме – стои во соопштението.