Амбасадорот Ивица Боевски и специјален претствник на македонската влада во унгарското претседателство со ЕУ, вчера присуствувал на свеченото доделување на наградата за граѓанска Унгарија за 2024 година, во организација на Фондацијата за граѓанска Унгарија. Годинава лауреат е Јанош Мартоњи, поранешен унгарски министер за надворешни работи и професор по правни науки. Пофално слово за Мартоњи одржа унгарскиот премиер Виктор Орбан кој што подоцна му ја додели наградата.
На маргините на настанот Боцевски имал кус разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Притоа било констатирано дека сведочиме на највисокиот историски врв на македонско-унгарските односи и дека сите земји од Западниот Балкан беа третирани како полноправни земји-членки на ЕУ за време на унгарското претседавање со Советот на Европската Унија.
Исто така, за следната година Унгарија веќе ја подготвува новата средба на Стратегискиот совет за соработка помеѓу двете земји чија што прва седница се одржа во септември во Охрид, во организација на премиерот Христијан Мицкоски. Притоа било заклучено дека следната година ќе сведочиме на нови дострели на македонско-унгарските односи, во економската соработка, политиката, културните врски, како и во сите други сфери. Воедно, Унгарија ќе продолжи да биде мотор на македонската европска интеграција.