МД Илинден, Тирана

Македонско друштво „Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцеларија во административната единица Острени, областа Голо Брдо.
Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на областа Голо Брдо да патуваат до градот Булќиза за секоја минимална потреба. За илјадници жители на оддалечените села во областа Голо Брдо, патувањето до Булќиза не е само процедура, туку физички и економски предизвик. Во тешки временски услови, ова патување станува речиси невозможно.

Добивањето извод или друга основна услуга ќе бара дополнително време и трошоци, што ќе го направи животот во овие области уште понеприфатлив.

-Со отстранување на администрацијата од луѓето, државата практично го напушта областа Голо Брдо, што го отежнува постоењето на Македонското национално малцинство, поттикнувајќи го заминувањето на семејствата. Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара од Владата и од општина Булќиза, во административната единица Острени, да воспостават матична служба за административните единици Острен и Требиште. Областа Голо Брдо е планински регион со посебни географски карактеристики и лоша инфраструктура; оваа одлука е директен удар врз жителите на Голо Брдо. Македонското друштво „Илинден“-Тирана останува посветено на заштитата на правата на Македонците во Република Албанија и предупредува дека ќе ги искористи сите законски и демократски патишта за да се спречи оваа административна изолација – велат од друштвото.