Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на Клодиан Брахо, кој беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК). Друштвото очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.
-Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот. Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права – велат од „Илинден“-Тирана.
Македонско друштво „Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.


































