По повод седумнаесетгодишнината
По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на благодарници „Илинден” и награда „Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување на животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на Македонците. Благодарниците и наградата ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.
Оваа година наградата „Илинден” му се доделува на Работна група за словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европски националности (ФУЕН) – Германија
Благодарници „Илинден” се доделуваат на: Отец Илија Мазнику, свештеник на Албанската автокефална православна црква, со потекло од областа Голо Брдо – Тирана, Албанија; Курир.мк – Скопје, Македонија; Љупчо Златев, уредник на Лидер, Скопје, Македонија; Република.мк, Скопје, Македонија; Марјана Дода, уредник на Aргументум, Тирана, Албанија; Д-р Илир Шута, новинар, Телевизија СОТ 7, Поградец, Албанија.
Претседателот на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај упатува честитки за наградата и благодарниците со надеж дека ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.
































