Лого/ МД Илинден - Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана остро се спротивстави на одлуката за отворање на мигрантски центри на територијата на општина Пустец.

– Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците кои живеат во општина Пустец – истакнуваат од македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Од македонското друштво апелираат до општината Пустец, да побара од Владата итно отстранување на камповите за мигранти и да застане во заштита на интересите, безбедноста и иднината на своите граѓани.

– Македонското друштво „Илинден“-Тирана нема да молчи пред одлуки кои се носат на штета на автохтоното македонско население во општина Пустец и ќе продолжи јавно, доследно и одлучно да ги брани нивните права – додаваат од македонското друштво „Илинден“-Тирана.