Македонските друштва во Бугарија денес положија венци пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.
Македонците од Бугарија и активисти од Австралија, САД и Велика Британија одржаа и пригодни говори во чест на убиените Македонци од поранешните бугарските власти и нивните македонските слуги, како што објавија на социјалните мрежи. Со делегацијата на иселениците дојдоа Ицо Најдовски – Перин од Австралија, Гоце Панговски од САД, Валентина Мишковска од Лондон, Британија, а беше и професор од Институт за национална историја Катерина Тодороска.
Пригодни говори одржаа Димитар Иванов од Шумен и Ицо Најдовски Перин.
После полагањето на венците дел од присутните ги посетија новите простории на македонскиот клуб „Никола Вапцаров” каде што беа разменети мислења и идеи за заедничка соработка во иднина, за човековите права на Македонците од Бугарија.
– Раскинување на т.н. добрососедски договор на Бугарија и Македонија, укинување на Комисијата за заедничка историја со Бугарија и да нема отворање на Уставот на Македонија за понатамошно разнебитување на Македонија и македонскиот народ – побара Најдовски Перин од Благоевград.